ZORAN ZAEVI КРЕНАЛ ПАНИКА НА БИХАЌКА: Итно свикани продавачите на магла од Србија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Откако му пропаднаа сите замислени сценарија за дестабилизација на државата, откако неговите насилни револуции не му го кренаа рејтингот на СДСМ, а како повторно се доближува изборен процес, Зоран Заев како и секогаш кога ќе му загусти, на помош ги повикува „продавачите на магла“ од Србија. „Белградската врска“, односно „продавачите на скапа магла“, кои како советници на Заев му ја продадоа идејата за платеничка револуција и стратегијата за насилно рушење на власта, повторно се во Скопје, пишува Република.

dzip-magla-1-640x288

Нивниот џип, кој лани често беше паркиран пред партиското седиште, повторно е фотографиран во Скопје, пишува Република.
dzip-magla-2-520x272
Да се потсетиме, минатата година Република во неколку наврати пишуваше дека стратезите кои стојат зад неколку насилни политички операции на Балканот сега се главните советодавачи на Заев. Повеќе месеци во редовни тајминзи, најмалку еднаш во две недели, тројца луѓе со џип со српски регистерски таблички доаѓаа во штабот на СДСМ на средба со раководството. Многу набрзо по објавувањето на оваа информација, екипата на „Република“ го „улови“ џипот како го напушта седиштето на СДСМ.

Познатите имиња во светот на насилните кампањи, Милан Шчекиќ и Иван Бендер, наголемо беа присутни во Скопје минатата година, но и во периодот април-мај годинава кога почнаа насилните напади и пресметки со полицијата, палењата на институциите, демолирањата, грабежите под превезот на платеничката револуција. Шчекиќ и Беднер се поврзуваат со агенциите за стратегиско планирање и за активности со односи за јавност „Раскин и Хант“ (Ruskin & Hunт) а претходно „Артс енд крафтс“, која медиумите ја врзуваа во корупцискиот скандал за извлекување на државни пари за кампањи. Шчекиќ работел и за српското министерство за Косово и Метохија, каде неговата активност многу наликува на методите кои Заев, со масовните протести и судири меѓу полицијата и српското малцинство на Косово, како и српско- косовските гранични инциденти и судири, пишува Република.
naslovna167-1-520x748
Иако од партијата лани негираа и се обидоа да ја скријат соработката со нив, некоординираноста во партијата ги откри картите. Координаторот на пратеничката група во Парламентот, Горан Сугаревски лани за Република потврди дека СДСМ соработува со пи- ар агенција од Србија, за која не беше сигурен за името, но од која раководството било многу задоволно.


Иако СДСМ официјално никогаш не одговори на поставените прашања од Република, дали има договор со српските стратези, колку ги чини тоа и на кој начит се исплатени, српските медиуми ја потврдија нивната работа во Македонија.

Сега, кога се очекува лидерската средба на која ќе се потврди дека се исполнети сите услови за избори согласно последниот договор кој го потпиша и Заев, а во меѓувреме популарноста на Заев не се одлепи од дното, истите стратези се повторно во Скопје. Откако „зафатите“ за проблематизирање на изборите со Избирачкиот список и со медиумите се чини дека се затворени, Заев веројатно повторно се врти кон насилните сценарија во режија на српските стратези.

Оваа снимка е од 2006 година од нападот на Претседателството на БиХ во Сараево што го потврдува дека сценариото, кое Заев и СДСМ ја продаваа како „граѓанска реакција“ е препакувана веќе пробана тактика за таканаречена „шарена револуција“ во организација на „Белградската врска“.
afera-01-520x343-520x343
Истите советници, дознавме, имале улога и во посетата на Заев на Израел и неговиот лаги испратени од таму за темите на разговор и со луѓето што се сретнал. Агенцијата, според српските медиуми, е во блиски односи со познат израелски „махер“ за односи со јавноста, кој пак во Србија е познат по победничката кампања на СНС, како и по промотивните кампањи на поранешниот претседател на земјата, Борис Тадиќ.
Naslovna168-740x320-520x225-520x225
Исто така се додава дека „Продавачите на магла“ успеваат да ги наметне партиските ставови во медиумите во текот на кампањите. За потсетување, дел од српските медиуми ширеа невистини и манипулации за настани кои се случуваат во Македонија, а кои коинцидираат со стратегијата на СДСМ за девалвирање на државните институции и на системот во целина. Дел од нив беа преземани и цитирани од медиуми кои се блиски до СДСМ, а се однесуваа за текот на акцијата во Куманово, потоа околу безбедносната состојба во државата, за насилните протести пред Владата во Скопје, за мигрантската криза…
tema167-7
Ако нападите врз институциите, наводните револуции, бојата врз спомениците и фасадите, секојдневните блокади се разработени сценарија кои им беа само препакувани за СДСМ, какви ли црни сценарија сега е спремен да купи Заев од овие продавачи на магла за повторно да нема избори? Каква ли сега ќе е реакцијата на неговите „пријатели од надвор“ ако повторно ги минира изборите како што тоа го стори претходно во два наврати годинава?

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This