April 25, 2024, 10:07 pm

ZTE AXON 10S PRO 5G: Првиот смартфон со SNAPDRAGON 865

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Qualcomm го објави новиот чипсет Snapdragon 865 на почетокот на овој месец, а ние веќе сме сведоци на првиот уред што ќе се заснова на него. Се работи за кој ќе може да работи со 5G мрежи и во режимите NSA и SA.

Сепак, неговите безжични можности не застануваат тука, бидејќи моделот ќе понуди и конекција за WiFi 6. Исто така, ќе може да ги интегрира различните безжични мрежи – мобилни и Wi-Fi користејќи ја технологијата Link-Booster.

Сè уште не се познати сите параметри на паметниот телефон, но знаеме дека ќе вклучува најмалку 8 GB LPDDR5 RAM меморија, меморија за UFS 3.0 датотеки и батерија 4000 mAh со технологија за брзо полнење.

Во однос на софтверот, достапен е Android 10 со MiFavor 10 интерфејсот, а главната камера ќе биде тројна. Од споделените слики гледаме и присуство на заоблен екран.

Нема дополнителни детали за уредот во оваа фаза, вклучувајќи ја и очекуваната цена, но повеќе детали ќе има наскоро.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This