April 23, 2024, 11:19 am

Автобусот Скопје – Гостивар повторно преполн, мораше да интервенира полиција

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Се повторува историјата на преоптоварените автобуси. Автобус на “Еуро турист” – Гостивар, денеска повторно качил 15 патници повеќе од дозволениот број, кои патуваа од Скопје за Гостивар, пренесува „Порталб.мк.“

Според „Порталб.мк“, автобусот бил сопрен од полицијата во населбата Ѓорче Петров во Скопје и по инспекцијата која траела околу 20 минути, вишокот патници биле принудени да се симнат, а полицијата побарала од компанијата да прати друг автобус.

По околу половина час пристигнал друг автобус на истата компанија, ги земал патниците кои биле симнати и се упатил кон Тетово.

За сличен случај, „Порталб“ извести пред само еден месец со истата превозна компанија која само два дена по известувањето беше санкционирана од МВР.

Минатиот месец исто така беше запрен автобус на релација Скопје-Гостивар во кој се превезувале дури околу 20 патници плус, по што граѓаните се жалеле дека се гушат, а полицијата на влезот на Тетово ги симнала од автобус на приватна фирма.

Поради големиот интерес, возачот дозволил да се превезуваат 20 патници повеќе, со билети што ги купиле во автобус. За време на патувањето патниците се жалеле дека се гушат, но возачот се правдал дека не е негова вина, туку на сопственикот и на недостигот на линии.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This