Американска сателитска снимка: Кина станува се пoмoќнa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Новите комерцијални сателитски фотографии од првиот носач на авиони од домашно производство „Тип 002“ (и трет носач на авиони на Морнарицата на Народноослободителната војска – ПЛАН), пружаат детален приказ на јуришните пловила по долготрајната изградба и преместување, се наведува во новиот извештај на американскиот тинк-тенк во Вашингтон.

На веб-сајтот кој се занимава со кинескиот подем, проектот „Чајна Пауер“ на Центарот за стратешки и меѓународни студии, во четвртокот е ажурирана страницата која го следи третиот кинески носач на авиони, а се прилажани и нови сателитски снимки од бродоградилиштето Јангнан во Шангај од 18. август 2020.

„Прв пат од почетокот на изградбата на блоковите од трупот се распоредени во редослед за изградба и се потполно откриени, со што се добива исклучително јасен поглед кон носачот“, детално анализира сајтот „Чајна Пауер“, напоменувајќи дека носачот Тип 002 на новата локација на бродоградилиштето е преместен некаде помеѓу 24. мај и 2. јуни.

„На пристаништето се наоѓаат девет блокови од трупот. Блоковите се отрилика 351 метар од прамецот до крмата.“ – се наведува во извештајот. „Најдолгиот дел, кој се состои од крмата, долг е околу 49 метри. Што се однесува на ширината, најшироките блокови имаат отприлика 40 метри“

„Како што се продолжува со изградбата, очекуваме пловилото да биде зголемено за неколку метри со додавањето на пилотските палуби“, објаснуваат од „Чајна Пауер“.

Реагирајќи на напредогот со изградбата на бродот, командантот на американските сили адмиралот Крис Гради тврди дека развојот на кинеските поморски сили претставува „доказ дека носачите на авиони се важни“.

„За мене тоа е потполно логично, тие се поморска сила и ја разбираат важноста на авијацијата и како тоа може да го обликува меѓународното окружување. Ни требаше повеќе од 100 години тоа да го сфатиме“, вели Гради на Симпозиумот за модернизација и одржување на флотата на Американските морнарички инженери 2020.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This