АМЕРИКАНЦИТЕ ПРИЗНАА: Идниот руски беспилотен бомбapдер ќе биде прв во светот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Магазинот Millitary Watch се заинтересира за проектот за рускиот беспилотен субсоничен стратешки бомбардер. Информациите за овој проект неодамна ги соопшти генерал-полковник Сергеј Кобилаш, командант на Стратешката авијација на Воздушно-космичките сили на РФ.

 

 

Планирано е овој авион да се воведе во експлоатација паралелно со авионите Ту-160М2 и ПАК ДА.
Тој ќе биде толку универзален што ќе ги решава „сите задачи на стратешката авијација“.
Најверојатно конструкцијата на авионот ќе се заснова на аеродинамичната концепт на „летечко крило“. Покрај тоа, во овој проект ќе бидат интегрирани технологиите применети кај „стелт“ бомбардерот ПАК ДА.
„Ова веројатно ќе биде првиот беспилотен стратешки бомбардер на светот“, истакнува авторот на прилогот. „Додуша, идниот американски бомбардер B-21 исто така подоцна ќе може да биде оспособен да дејствува без пилот“.
Американскиот новинар особено го интересира како ќе биде вooружен бомбардерот.
„Дали неговата улога ќе биде чисто стратешка, или е тој, како и неодамна направениот Ту-22М3М, наменет за изведување тактички напади и лов на бродови?“, се прашува тој.
Покрај тоа, тој посочува дека е нејасно во која мерка овој беспилотен бомбардер ќе личи на ПАК ДА и дали ќе биде управуван од далечина или со помош на вештачка интелигенција.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This