April 19, 2024, 12:58 am

„Арена Спорт“ ќе ги емитува натпреварите од Првата лига во фудбал

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини денеска соопшти дека Федерацијата заедно со претставниците на клубовите од нашата Прва лига се согласиле ТВ правата за пренос на натпреварите од МФЛ да бидат отстапени на водечкиот регионален спортски канал, ТВ Арена Спорт во наредните две сезони.

По успешните преговори, задоволство е да објавиме дека постигнавме договор околу телевизиските права за натпреварите од 1 МФЛ. Добивме понуда и правата ги отстапуваме на Арена Спорт. Со ова праќаме широка порака. Ова е порака дека фудбалот го враќаме на телевизија низ директни преноси, свесни за важноста на нашата соработка со Арена Спорт како водечки регионален спортски канал и МТВ како Национален сервис, изјави Сејдини.

Финансиската понуда, исто така, им беше презентирана на претставниците на клубовите и донесоа одлука со средствата добиени од продажба на ТВ права да се покријат трошоците кои клубовите од 1 МФЛ ги плаќаа во име на котизација за настап во МФЛ.

Од друга страна, ова е голема можност и за клубовите, не само поради тоа што сега се ослободени од плаќање котизација за настап во домашниот шампионат, туку многу повеќе, заради вниманието кое ќе го добијат и можноста за своја промоција во секоја смисла, изјави првиот човек на ФФМ.

Во проектот за телевизиските права од 1 МФЛ ќе биде вклучен и нашиот Национален сервис (МТВ). Двата натпревари од секое коло (сабота и недела) ќе се емитуваат и на МТВ која телевизиски ја покрива територијата на нашата држава со директни преноси и коментар на македонски јазик.

Инаку, натпреварите од 1 МФЛ прв пат во историјата на македонскиот фудбал ќе се емитуваат на регионален спортски канал.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This