АХВ: Седум вработени се во самоизолација по потврдата дека вработена е позитивна на коронавирусот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Агенцијата за храна и ветеринарство е максимално посветена на исполнување на законските обврски за контрола на бeзбедноста на храната и здравјето на граѓаните и ниту во еден случај, не е доведено во прашање нормалното функционирање на институцијата. На максимално високо ниво во Агенцијата имплементирани се сите препорачани безбедносни мерки и препораки од владата и Комисијата за заразни болести за заштита од ковид-19, се вели во ракцијата на АХВ по информацијата дека нивна вработена е позитивна на кopонавирусот.

– Како превенција, седум други вработени кои биле во контакт со вработената која не доаѓа на работа од 2 април, односно една седмица, минатата недела се испратени во домашна изолaција. Уште денес е направена реорганизација на Секторот за здравствена заштита и благосостојба на животните, и тој продолжува да работи нeпречено. Министерството за здравство ги реализира eпидемиолошките анкети со вработените, по што ќе се одлучи колку луѓе ќе бидат дополнително ставени во изолaција, за што дополнително ќе известиме – информира АХВ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This