Ахмети се нaлyти: Коалицијата со СДСМ функционира, Зекири нe е битeн

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Kоалиција со СДСМ функционира во рамките на нормалата. Моите односи со лидерот на СДСМ Зоран Заев и другите партиски структури се стабилни и добри, изјави денеска претседателот на ДУИ Али Ахмети.

Коментирајки ја изјавата на Мухамет Зекири, Ахмети кажа дека пратеникот не е легитимен претставник на политиките на СДСМ.

Може да има разлики за различни прашања во принцип. Но, во суштина нештата одат прав пат“, вели лидерот на интегративците.

Тој вели дека нема преговори со ниту една партија од македонскиот блок пред изборите.

Во иднина ќе видиме, ќе изградиме наша стратегија како ќе се организираме за изборите на 12 април. За коалиција со СДСМ не е разговарано.

Но, во принцип сум го кажал мојот став, кој го претставува мислењето на партијата, дека не е најдобро ниту за ДУИ, ниту за СДСМ, да влеземе во предизборна коалиција, бидејќи сме во специфични околности, а не во околности кои сме ги поминале порано на локалните избори“ рече Ахмети.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This