АХМЕТИ СО ТРОГАТЕЛНА ПОРАКА ПОРАДИ ЗАМИНУВАЊЕТО НА БЕЈЛИ: Пријателе, во мојот дом и семејство секогаш ќе најдеш конак

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција Али Ахмети, приреди проштален ручек за Американскиот Амбасадор во Македонија Џес Бејли, кој од должност заминува во почетокот на месец март.

Ахмети и Амбасадорот Бејли направија ретроспектива на четиригодишната соработка и на постигнувањата на земјата во овој период.

Соговорниците исто така разменија мислења околу Демократската Унија за Интеграција и за перспективите во наредните две децении, членството во НАТО и ЕУ, реформите, претседателските избори, како и за дијалогот помеѓу Косово и Србија.

Ахмети изрази благодарност до Амбасадорот Бејли и неговата подржувачка улога за излез од кризата и чекорењето кон евроатлантската интеграција. г. Бејли има дадено извонреден придонес за денешните постигнувања и г. Ахмети истакна благодарност истакнувајќи дека заедно кризата ја претворивме во можност и таа можност ја искористивме на најдобар можен начин за доброто на граѓаните.

Во овој период се затвори спорот со Грција и Бугарија, се постигна јазичната еднаквост, де факто сме членка на НАТО и очекуваме во јули да добиеме датум за почеток на преговорите за членство во Европската Унија. Но, останува да се направат уште многу работи, како реформата на органите за безбедност, администрацијата и владеењето на правото.

На крај, г. Ахмети истакна дека кога и да се врати за да ја посети Македонија, Амбасадорот Бејли ќе најде конак во неговиот дом и неговото семејство.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This