April 24, 2024, 10:27 am

БАРСЕЛОНА НУДИ 100 МИЛИОНИ И ТРОЈЦА ИГРАЧИ ЗА ДА ГО ВРАТИ НЕЈМАР: Каталониците го враќаат Нејмар на Камп Ноу?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Парис Сен Жермен и Барселона веќе во полн ек преговараат за враќање на најскапиот светски фудбалер Нејмар на „Камп Ноу“, објави бразилски „Глобо Еспорте“, тврдејќи дека за трансферот каталонската гордост ќе плати 100 милиони евра и плус тројца фудбалери.

Нејмар од поодамна не е задоволен во Париз и сака да се врати во ПСЖ, а во последните денови првиот човек на парижаните Насер Ал Келаифи и Бразилецот се во отворена „војна со зборови“, па сето тоа е само најава дека трансферот речиси да е пред реализација. Нејмар замина во ПСЖ во август 2017 година за рекордни 222 милиони евра и сега сака да се врати во Каталонија, а веќе на раководството на францускиот тим им порачал дека сака трансфер.

Според бразилскиот медиум, Барселона бара начин како да го откупи Нејмар и веќе е познат планот. Покрај чистите 100 милиони евра да ги прати Осман Дембеле, Иван Ракитиќ и Самуел Умтити во француската престолнина.

Барселона го договори Френки Де Јонг уште во јануари, се најавува ангажман и на Матијс Де Лихт, кој ако дојде Умтити би бил прекуброен, а ангажманот на Ентоан Гризман би го ставил ептен во втор план Дембеле.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This