April 20, 2024, 11:06 am

Биoтepopиcти во Собрание – пpaтeничka на СДСМ пoзитивнa на KOBИД19, во ckaфaндep се појави во Собранието на Р.Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во услови на пандемија, кога дневниот просек на новозаболени е 800 лица, а просекот на починати од последици на вирусот е 30 лица, само идиот со потпросечна интелегеннција, без емпатија и непочитувач на законот би облекол сканфандер – кој патем кажано штити од зараза, но не ги штити другите од заразување – и би се упатил во Собрание каде постои можност да ги зарази сопствените колеги, со една и единствена цел – правење драма и политички поени.

Пратеничката од редовите на СДСМ Бисера Костадиновска – Стојчевска која е позитивна на КОВИД19 и со решение на изолација, пристигнала во Собранието на Р.Македонија во скафандер. На социјалните мрежи се пофали и со фотографија, а напиша и драматичен текст во кој таа го објаснува нејзиниот порив да им помагала на граѓаните и стопанството, притоа загрозувајќи го јавното здравје, здравјето на нејзините колеги и прекршувајќи низа на закони.

– Позитивна сум на КОВИД-19, но добро се чувствувам, со силна одлучност денес да победи народот.
Нема да дозволиме уцени! Мојата должност како пратеничка е постојана и благородна. И здрава и болна, имам обврска да направам сѐ граѓаните да ја добијат помошта која Владата ја обезбеди за нив, напиша Костадиновска на својот ФБ профил.

Професорката Билјана Ванковска го коментираше овој ступиден потег на пратеничката, повикувајќи на одговорност на пратеничката.

„А во меѓувреме оваа стасала да убие уште некого во Собрание и се фали – патем скафандерот ја штити неа, а не другите околу неа!“ – напиша Ванковска.

Професорката потоа продолжи да ги опишува пратениците на СДСМ како „биотерористи“.

– Биотерористи – (само)убици!
Ви текнува на онаа што велеше дека горда послушничка на Груевски?
Е сега имаме бетЕр! Оваа гордо ќе убие неколкумина само за да гласа по партиска наредба! А злосторството е во тоа што мнозинство има – двотретинско дури, ама за пакетот мерки (36 седница) но не и за друготе што треба да ги протнат! – напиша Ванковска.

Излегувањето од изолација е казниво согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, Кривичниот законик, а загрозувањето на јавното здравје е и Уставно санкционирана категорија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This