БИДЕТЕ ВHИМАТЕЛНИ: Од утре времен сообрaќaен рeжим на улицaта „Плacтичарска“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Град Скопје известува дека поради реконструкција на улицата „Пластичарска“, поточно поради изградба на атмосферска канализација, проширување на пешачката патека и обнова на водоводната мрежа, на дел од улицата ќе биде воведен времен сообраќаен режим.

Измената на режимот на сообраќај ќе почне да важи од утре 25.02.2020 година (вторник), кога ќе почне асфалтирањето на северната тротоарска површина на потегот од клучка Бит-пазар до првата семафоризирана крстосница со ул.Македонско-косовска бригада. Потоа ќе продолжи асфалтирањето на површините по должината на улицата на делот од проширувањето, како и гpeбење на постојната сообраќајница во широчина од 4 метри, велат од Град Скопје.

Времениот сообраќаен режим ќе биде воведен на крајната десна сообраќајна лента во правец кон касарната Илинден, сообраќајот ќе се одвива двонасочно на преостанатиот дел од улицата за што ќе биде поставена и соодветна сигнализација. По завршување на наведените градежни работи ќе се работи на асфалтирање и на јужната страна од улицата со ист редослед на активностите.

Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја приспособат својата брзина на движење според условите на патот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This