БУГАРСКИ ИСТОРИЧАР ПРОГНОЗИРА: Груевски би можело да основа претставништво на ВМРО надвор од Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во интервју за бугарското радио „фокус“, историчарот Красимир Узунов рече дека осудениот Никола Груевски од Македонија не избегал без соработка со власта. Според него, една од индикациите за таквата проценка е дека Груевски не можел едноставно да ги повлече парите од банките без тоа да биде сомнително за власта.

Груевски исчезна таинствено, како што впрочем се се случуваше во Македонија последниве 100 години, вели Узунов и додава:

Тој поминал низ цела Албанија, Црна Гора и Србија. Некои велат дека во Србија дури имал и вечера во високи кругови и оти после заминал за Унгарија“, вели Узунов.

Бугарскиот историчар во своето интервју оди до таму што ја остава отворена можноста на македонскиот екс-премиер да му се придружат и дел од неговите сопартијци, па да основаат задгранично претставништво на ВМРО.

Ако се чита историјата на таа организација, такво нешто навистина постоело“, забележува  Узунов.

Бугарскиот историчар, којшто важи за добар познавач на приликите на Балканот, смета дека Унгарија нема да има далекусежни последици по постапката за азил, особено ако се покажат точни информациите дека Груевски веќе ја напуштил таа држава.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This