April 26, 2024, 11:29 am

ВMPO ќе го пpeгази СДCM нa лoкaлните, пpeдвидува профecoрот Малчeвcки

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Професорот Самоил Малчески во подкастот „Утро со Златев“, покрај за реформите во образованието зборуваше и претстојните локални избори.

„Клучен момент на локалните избори ќе биде изборот на кандидати. Кои се луѓето што ќе застанат да се тркаат за градоначалници. Ако ВМРО-ДПМНЕ како најголема опозициска партија извади стварно истакнати интелектуалци и општествено познати и признати особи за кандидати за градоначалници, тогаш многу глатко ќе ги добие локалните избори. Оттука, прашање на време е кога ќе се случат предвремени парламентарни избори, зашто гледаме дека Собранието во овој момент не функционира“, смета Малчески.

Тој верува дека премиерот Заев за следните избори подготвен е да издвои неколку десетици милиони за поткуп.

„СДСМ се наоѓаат во оној врлог во кој се најде Груевски во последните години ама они многу брзо се најдоа во тој вртлог. Кај нив се сега наместени картите да функционираат како што функционираат, ако малце се поместат картите тоа значи поместување на целиот начин на функционирање и тука веќе треба некој да пресмета кој добива, а кој губи. Верувам дека ако Заев во даден момент пресмета дека губи, тој нема ништо да смени. И тоа по цена, ако изборниот поткуп беше неколку милиони, следниот пат ќе биде неколку десетици милиони за да може да остане на власт“, рече Малчески.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This