ВАСКО ГРКОВ НОВ АМБАСАДОР НА МАКЕДОНИЈА ВО БЕЛГРАД: Еве ја листата на останатите кандидати за празнитe амбасадорски места

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денес на владината седница се очекува да поминат одлуките за пополнување на околу 20 од вкупно 25 испразнети амбасадорки места. Освен веќе потврдената информација дека партискиот секретар за меѓународна соработка на СДСМ, Дане Талески, ќе биде предложен за амбасадор на Македонија во НАТО, извори од МНР за Магазин.мк соопштуваат уште неколку фаворити за топ дипломати.

Васко Грков, кој беше генерален конзул во Минхен во времето на Груевски, сега по ургенција на градоначалникот Митко Јанчев, ќе биде новиот амбасадор на Македонија во Белград, Србија. Имено, дипломатот Васко Грков, кој е од Кавадарци, е во одлични релации со градоначалникот Јанчев, но и со пратеникот Панчо Минов од ГРОМ, кои од своја страна имаат добри односи и соработка со владата на премиерот Заев, но и со братот на премиерот, Вице Заев.

Другите фаворити за амбасадори се:

Васко Грков од Кавадарци, поранешен генерален конзул на Македонија во Минхен, Баварија, сега е нaјсериозен кандидат за амбасадор во Белград, благодарение на добрите релации на Митко Јанчев со Зоран Заев.

Рами Реџепи (дипломат од МНР, близок до ДУИ) за амбасадор во Рим.

Сашко Тодоровски (дипломат од МНР, близок до СДСМ, сопруг на Мирјана Најчевска) за амбасадор во Стразбург, Совет на Европа

Данчо Марковски (од МНР, близок до НСДП, беше амбасадор во времето на Груевски во Загреб) за Тиpана

Шпреса Јусуфи (дипломат од МНР, блиска до министерот Димитров), за амбасадор во Приштина, Косово

Милаим Фетаи (кадар на ДУИ, порано беше член на Советот за радиодифузија) за амбасадор во Загреб

Шабан Јашари (политички кадар кадар на ДУИ) за амбасадор во Катар

Андреј Жерновски (од ЛДП пребега во СДСМ за да стане заменик министер) или Теута Демјаха (политички кадар на ДУИ, беше и кандидат за пратеник во ИЕ-1), и двајцата се нaјсериозни кандидати за амбасадори при мисијата на ООН во Женева

Желба за амбасадор во Копенхаген (Данска) има и Фатон Бејта, внук на поранешниот градоначалник од Гостивар и функционер на ДУИ, Невзат Бејта, но околу него изгледа се уште не е постигната согласност, заради нeусогласеност на МНР Димитров со претседателот Пендаровски, кој имал и свои кадри кои сакал да ги предложи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This