Верувања и суеверија: Може да се повампири оној што ќе умре уф пугани дни

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Народот верува дека мртовецот може да се повампири. Може да се повампири оној што ќе умре уф пугани дни, односно од Божик до Богојавление. Муслиман што јадел свинско месо, се претвора во свиња, а не во вампир.

За човекот да не стане вампирин (некои велат вампир) треба со железно вретено уф мех да се прободе, и во тоа дупче да се стави воденички камен. И денес кога човек умре во тие денови не го прободуваат, но на устата му ставаат парче цреп со натпис: Ис. Хр. Ни. Ка (Исус Христос, победник). Мртовецот може да стане вампир и кога ќе го прескочи, куче, или мачка или кокошка, пред да го погребат.

Исто така, може да стане вампир и ако за време на животот некоја работа многу ја сакал но не можел да ја добие. За таков мртовец велат дека и по десет години кога ќе го откопаат во гробот ќе го најдат сосема цел. Во врска со ова верување велат: „И пу десит гудини да ма раскопите, ки ма најдите цал – здрав!“ Или: „Изгурех на воја бел век: ако умрум, ки ма најдите и пу десит гудини куту скрум!“ (пртворен во ќумир). Во вампири обично се претвораат стари луѓе и жени.

Вампирот може да се покажува во разни форми, но најчесто ја зема човечката форма. Тој е од крв, но и се храни со крв. Најкарактеристичен знак кај вампирот се црвените очи. Преку денот вампирот оди по гробовите, а преку ноќта шета секаде. Ги посетува своите, жената, децата, ги обиколува нивите, полињата итн. Ги вознемирува своите непријатели, им тропа по куќата, ги дави луѓето и тоа кого ќе стигне.

Се сеќавам како денеска кога се прочу глас низ Богородица дека Вејсељ станал свиња и дека ноќе доаѓал кај својата жена и разговарал со неа. Една вечер таа седела со своите деца крај оганот, а тој дошол и седнал зад нив подалеку од оганот, и ја прашал жената што мисли и како ќе ги прерани децата. Таа се исплашила и му рекла дека ќе ги остави и куќата и децата и ќе се омажи за друг, ако дојде уште еднаш. Оттогаш Вејсељ повеќе не се појавил во куќата. Јас тогаш имав 8-10 години.

Сите во селото веруваа дека сето тоа е вистина, а имаше и такви што не смееја ноќе да минат покрај куќата на Вејсељ. Особено голем страв задавеше, а и денеска со респект се споменува некој сеховски вампирин (од Сехово). Тој правел многу грозни работи низ целата каза. Кога веќе им досадил на луѓето му го откопале гробот и кога, тамо тој седи во гробот. Луѓето со страв се прашувале: „Вампирин ли је?“ – Други пак, исто така, со страв одговарале:

„Не је море! А тој за сето време ќутел и токму кога некој ќе речел да „не је вампирин“ тој ќе ги спуштел трепките и ќе го скриел црвенилото во очите, а кога некој ќе речел: „Море вампирин је“ тој накриво ќе го погледал. – Додека така зборувале и се прашувале некој му фрлил околу вратот рогузинова врвка, што од порано ја подготвил (зашто се друго може да се скине), ја затегнале и така го одвлекле до Вардар. Тука на другиот крај од таа врвка заврзале еден голем камен и сето тоа заедно го фрлиле во Вардар. Од тој момнент се спасила сета каза од овој лош вампирин.

Според народото верување вампирите може да се занимаваат и со занаети. Се раскажува дека некој вампир бил месар во Солун. Тој се заортачил со некој друг човек, но така тој вампирот никогаш да не земе нож и кантар во рацете, да сечи или да мери. Меѓутоа во тоа време во Солун се појавил некој страшен помор по децата така што кое дете ќе го зајде не го осамнува живо. Некој човек што често пазарел во дуќанот на месарот – вампирин, забележал дека во таа продавница никогаш нема џигер за продажба и дека тој газда (вампирин) никогаш не го зема ножот нешто да пртесече, или кантарот нешто да мери.

Тоа свое сомнение им го соопштил на уште двајца-тројца и утрето сите заедно пошле кај месарот и побарале тој лично да им измери месо со своите раце. Тој (вампирот) барал изговор, но кога еден од нив ненадејно му го ставил кантарот во рацете одеднаш се изгубил од пред нив. Веднаш забележале дека на местото каде што стоел вампирот имало локва крв, што смрдела на човечка мрша. Веднаш потоа и поморот престанал.- Народот верува дека кога вампирот ќе се допре до некое остро и шилесто тело веднаш загинува.

Народот верува дека има луѓе кои можат да го видат и веднаш да го познаат вампирот, било во што тој да се претвори. Можат веднаш и да го убијат со пушка. Таквите луѓе се ретки. Таквиот човек мора да има вампирска жица односно таков човек морал да постане со однос меѓу некоја вдовица и вампир.

Ако луѓето не знаат кој е вампирот тогаш треба во сите нови гробови да се забие по еден глугов кол (кол од глог), а над гробовите да се намести рогузинова врвка.

За вампирот да не влегува ноќе во куќата, треба над вратата да се обеси кулупит или колец. А кога ќе дојде вампирот и кога ќе го забележи кулупитот ќе му се стори како воденички камен, ќе се исплаши да не падне врз него и ќе побегне.

Од книгата „Српски народни обичаји у Ѓевѓелиској кази“ од Стефан Тановиќ, Београд 1927 г.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This