March 28, 2024, 10:57 pm

Вест на денот низ цела Србија: Гламурозна свадба за синот на Цеца, погледнете колку пари ќе се потрошат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вељко Ражнатовиќ и неговата вереница Богдана Родиќ наскоро застануваат на лудиот камен. Свадбената прослава ќе биде организирана во јуни наредната година, а Цеца планира да потроши 100.000 евра.

Мама Цеца му предложи на Вељко да ја организира свадбата во хотелот каде тој и неговата сестра Анастасија го прославиле полнолетството, со што и се согласи. Тоа ќе биде вистинска српска свадба, каде гостите ќе ги забавуваат повеќе пејачи, а Цеца ќе биде таа која ќе ѝ помогне на идната снаа да го одбере венчаниот фустан.

За се да изгледа совршено, Цеца почна порано со подготовките, особено што за неа е ова значаен ден и ништо не сака да препушти на случајност. Балканската пејачка веќе прави список на поканети, а се планираат да бидат околу 400 гости.

https://www.instagram.com/p/Bm8dawAHOrF/?taken-by=veljkoraznatovic

„За декорација на целиот простор, тие имаат одвоено нешто помалку од 30.000 евра, вклучувајќи кристална декорација, цвеќиња од Холандија, срцето од белите орхидеи, под кое ќе се венчаат, како и многу други работи со кои ќе го разубават просторот. Свадбената торта ќе биде на неколку ката во нежни тонови. Што се однесува до свадбениот фустан, сѐ уште размислуваат дали ќе го работат домашни или странски дизајнери, но за тоа ќе бидат одвоени минимум 5.000 евра.

https://www.instagram.com/p/BkI8HDznxhW/?taken-by=veljkoraznatovic

Младата невеста потоа ќе се пресоблече во елегантен фустан кој ќе биде направен по нејзина мерка. И за бурмата ќе биде одвоена огромна сума од околу 7.000 евра“, вели за српскиот магазин „Ало!“, близок извор до семејството.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This