Вељаноски: Доживeaв обвинителkaта Фатиме Фетаи да ја демантиpa приказната што ја измислија за yбиcтвото кaj Смилковскoтo Езepo

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Толку години ме напаѓаат мене и семејството, кроеа секакви приказни и на крај од устата на обвинителката, доживеав да биде демантирано ова, вели Трајко Вељаноски, поранешниот претседател на Собранието, во изјава за Плусинфо, откако денеска на рочиште во судскиот предмет „Монструм“ обвинителката Фатиме Фетаи повикуваќи се на докази за петкратното убиство кај Смиљковското Езеро рече дека треба да се отфрлат сите шпекулации дека жртвите наводно се познавале со синот и со ќерката на поранешниот собраниски спикер.

– За жал, ова е македонската политика. Лузните остануваат, а на тие што ја измислија приказната, нека им служи на чест – вели Вељаноски.

Судењето за случајот „Монструм“ влезе во својата завршница, а обвинителката Фетаи во своите завршни зборови рече дека најпрво мора да се побијат сите теории кои ги наметнувала одбраната, а кои се поврзуваат со петкратното убиство кај Смиљковското Езеро во 2012 година.

Таа потврди дека четирите момчиња и рибарот се убиени кај Смиљковското Езеро, а не на друго место.

– Ако ги погледнете доказите најдени на местото на настанот, тогаш ќе забележите дека петкратното убиство се случило токму на местото каде што беа пронајдени телата, а сè друго е научна фантастика. Исто така, треба да се побие и шпекулацијата дека жртвите наводно се познавале со синот и со ќерката на поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски. Се шпекулираше дека имале честа дружба и дека поради тоа биле убиени. Но, до овој момент не беше приложен доказ, ниту имаше индиции дека убиените деца се познавале со деца на функционери и дека наводно имале нерасчистени сметки – рече Фетаи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This