(Видео) Aгатангел: Co cpaм гo кaжyвaaт Северна, oнa штo нe e пpиpoднo нeмa дa oпcтoи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На денешната емисија “Неделен Брифинг” во Инфомакс со Сотир Костов, Митрополит Агатангел истакна дека е сто посто сигурен дека ќе дојде генерација, која ќе го тргне овој срам од нашите образи. Тие што го користат изразот “Северна”, cо срам го кажуваат, она што не е природно нема да опстои.

– “Јас верувам, јас сум сто посто убеден дека ќе дојде генерација, кој овој срам ќе го тргне од нашите образи, ќе го тргне од оваа наша земја, и ќе ја видиме ние светлината, ќе излеземе од тунелот и ќе ја видиме таа светлина која ќе ја огрее целата наша македонска земја. Нека не се залажуваат браќата дека ова ќе трае долго, ова нема да трае долго”.

– “Со срам кажуваат (Северна),.. со срам го кажуваат, па некогаш ќе заборават, па се враќаат повторно. Така да, се што не е природно, не може да опстане, не може да опстои на овие македонски простори. Но мене ми многу жал што нашата младина, дали дома родителите не ги воспитуваат, тој национален долг. Детето се учи од мало кога е дома, тој национален долг.. Кога е Илинден, кога е 11-ти Октромври, денови на ВМРО итн”. – коментираше Митрополит Агатангел.

Видео линкот може да го погледнете ТУКА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This