(Видео) Peaкции нa гpaѓaнитe – Heимyнизиpaни пoпишyвaчи нeмa дa пpимимe дoмa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Неим*низирани попишувачи нема да пуштаме во домовите за време на пописот – велат граѓаните во анкета за ТВ 24. Според нив, им*низацијата против новата болест треба да биде задолжителна за попишувачите на терен, во услови кога пописот се спроведува среде пандемија, а се стравува и од нов бран на заразени наесен.

Од државниот завод за статистика пак велат дека не може да бараат од попишувачите да бидат имнизирани, бидејќи таа не е задолжителна во државава и тоа би било дискриминација, но потенцираат дека попишувачите кои ќе сакаат да се имунизираат, ќе им бидат обезбедени дози.

„Ние немаме законско право да бараме потврда за имунизација, бидејќи таа во државата е на добороволно ниво, поради тоа не можеме да го поставиме како критериум. Тоа би било дискримимација. Би било добро сите да се имунизираат, но не смее тоа да биде критериум. Ние препорачуваме и има и прашање во апликацијата дали сте примиле доза и дали би сакале да бидете имунизирани доколку бидете избрани, така што нудиме можност и доколку има потреба ние сме подготвени и да организираме имунизација на идните попишувачи“ – вели Јасмина Ѓорѓиева од Одделение за односи со јавност на Државен завод за статистика.

Министерството за здравство пак, нема да бара задолжителна потврда за примени дози за попишувачите кои ќе влегуваат во домовите на граѓаните, како што се најавува дека ќе се бара за неимунизираните наесен. За попишувачите – само апел од здравствените власти.

Извор: 24.mk

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This