April 27, 2024, 12:04 am

(Видео) Бугapите пак го пpeвecлаа 3aeв: Албанија доби бугарска донација од 1000 вakцини пред Македонија?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Помпезно беше најавувана и коментирана посетата на министерот за здравство Венко Филипче на соседна Бугарија и неговото присуство на седницата на Владата на Бугарија на која официјално беше договорена донацијата на бугарски вакцини за Македонија.

И се ќе беше во ред доколку Албанија не добиеше бугарска донација на вакцини „преку ред“ пред да добијата „браќата“ од Македонија?

Токму во оваа насока беше и изјавата на Красимир Каракачанов бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана кој во интервју за бугарската телевизија БНТ денеска изјави дека најавената донација на вакцини за Македонија од Бугарија не е за соседи, туку за сонародници кои живеат надвор од Европската унија (ЕУ).

„Бугарија е држава на сите Бугари. Ние имаме сонародници кои живеат во државите надвор од ЕУ. Тие се бугарски граѓани. Кога ние ги признаваме за Бугари треба да им дадеме можност да им се помогне“, рече Каракачанов.

Интервјуто на албанскиот премиер Еди Рама за албанска телевизија отвори големи дилеми за јавноста од која држава Албанија добила илјада дози вакцина. Според албанскиот премиер станува збор за држава која е на Балканот опкружена со соседи кои не се дел од ЕУ, но инсистираше да не открие за која држава станува збор бидејќи така било побарано од него.

Албанскиот премиер Еди Рама и началничката на Инфективната клиника во Тирана,Најада Чомо први ја прмија вакцината против Ковид-19,со што означен е почетокот на имунизацијата против опасниот вирус во земјата, a Рама истакна дека донацијата не од соседна Грција.

Сите информации неофицијални до сега упатуваат дека вакцината потекнува од соседна Бугарија.

Првите вакцини во Бугарија пристигнаа кон крајот на декември, а од вчера Бугарија веќе започна со имунизација на своето население.

Вакцините против корона вирусот, кои требало да ни ги донира Бугарија и со кои се фалат преставниците на Владата, се во износ од само 100 дози, со кои можат да се вакцинираат само 50 лица?!

Ова исто така го обелодени премиерот на Албанија, Еди Рама во негово синоќешно телевизиско гостување, каде што образложуваше како се одвива и како понатаму ќе се обвива процесот на вакцинација во Албанија.

„На Македонија 100 дози требаше да и даде Бугарија и истите сеуште ги нема добиено“, рече Рама, бранејќи се од аналитичарите кои го напаѓаа за малиот број дози вакцини кои како донација ги добила Албанија од земја членка на Европската унија, а при тоа таа земја не е Грција.

Инаку, Албанија неделава почна со вакцинација против вирусот Ковид-19, а оние кои се вакцинираат се вработените во Ковид болниците и старите лица на 75 години.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This