(Видео) Демoнcтрант од прoтеcтот во Тетoво: Ја изгoрeа сеcтра ми, само таа знае како испyштила душа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Голем број на граѓани вчера излегоа протест пред тетовската општина да го искажат својот револт поради тоа што и покрај 14-те жртви во пожарот во модуларната болница веќе 10 дена никој не презема одговорност.

Тетовец чија сестра изгорела во пожарот за порталот „Pa Censurë“, изјави дека бара правда и што побрзо да излезе на виделина вистината за пожарот во болницата. Тој додаде дека доколку неговата сестра починела од болеста, болката ќе беше помала, но тоа што и изгорела жива е неприфатливо.

Инаку, протестот почна од центарот на Тетово по што демонстратите се упатија кон општинската зграда кон која фрлаа јајца.

По општинската зграда демонстрантите се упатија кон седиштето на ДУИ, каде се судрија со полицијата. Полициски кордони распоредени низ улиците во Мала Речица не дозволија протестот да заврши пред Демократската унија за интеграција, па на моменти атмосферата стануваше тензична.

Видеото можете да го погледнете тука.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This