(Видео) Стојкова Серафимовска: Дигитализацијата се тера на cилa за 21 милион евра да завршат во приватни џебови

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во денешното издание на Неделен брифинг со Сотир Костов на Инфомакс, Велика Стојкова Серафимовска, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, зборувајќи дигитализацијата во образованието, посочи дека има сомнеж дека средствата за реформите во основното образование, со оглед на тоа дека ќе се користат најмногу за обуки, ќе завршат во приватни џебови.

„Се позајми Македонија со 21,5 милиони евра од Светска банка за имплементација на оваа, наводно, нова концепција. Сега тоа е доста голема сума и треба да се потроши. Ние доста реагиравме за тој заем во Собранието, бидејќи поголемиот дел од тој заем оди на организирање на обуки, а сите ние добро знаеме како одат тие обуки, каде одат најголемите средства. Одат за хонорари. Не на фирми, туку луѓе блиски на нејзиниот невладин сектор“, истакна Стојкова Серафимовска.

Стојкова Серафимовска додаде дека нема никаква методологија за спроведување, нема никаков концепт за тоа што како ќе се постигнува, кога, во кои временски рамки.

„Министерството запнува сето тоа да се спроведе од септември. До септември нема време ништо да се имплементира, затоа сега они релативизираат, тоа ќе биде само прво и четврто одделение. Нема време за таква работа. Нешто на сила се прави, а во овој случај е буквален булинг, силување“, додаде Стојкова Серафимовска.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This