(Видео) За Caшо Миjaлков ништo нe пyштaмe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Новинарот Зоран Божиновски вчера го објави целиот разговор помеѓу Зоран Заев и Александар Верушевски.

Со објавувањето на разговорот македонската јавност можеше да слушне како тоа Заев е договорен со Сашо Мијалков уште во 2016-та година, а селективно ги објавал и бомбите обидувајќи се да го заштити.

-Додека не употребиме како опозиција се што имаме против нив власта ќе продолжи да функционира. За Никола Груевски, за Сашо Мијалков ништо не пуштаме, може ли така, вели Заев.

-Да не вадиме ништо за Сашо, додаде тој.

Сашо Мијалков, поранешниот директор на УБК, лично разговарал со 8-те одбегани пратеници од ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени, за Договорот од Преспа, изјави премиерот Зоран Заев во интервјуто за ТВ „Алсат”.

Заев призна дека Мијалков разговарал со осумтемина пратеници на ВМРО-ДПМНЕ за уставните промени
Сашо Мијалков, поранешниот директор на УБК, лично разговарал со 8-те одбегани пратеници од ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени, за Договорот од Преспа, изјави премиерот Зоран Заев во интервјуто за ТВ „Алсат”.

„Сашо Мијалков зборуваше со пратеници заради тоа што верува во тоа решение. Тоа го кажуваше на сите, јавно се зборува во Скопје, насекаде, дека тој зборувал со пратениците. Седел со нив, ги охрабрувал, лично верувал“, рече Заев.

За притворот на Мијалков, Заев рече дека можело да се случи да не биде притворен ако бил во интерес на политичкиот процес.

„На сред процес тој беше притворен. Зошто? Правниот систем си ја гледа својата работа. Ако тоа беше во функција на политиката, ќе го оставеа тука за да помогне“, додава Заев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This