(Видео) ЗА НИВ РЕАЛНОСТА Е ЛАЖНА ВЕСТ: Тие не живеат во Волково, тие живеат на „Даунинг стрит 10“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Баба Перса, калливите сокаци во Волково, канализацијата во 21 век во населено место на само 12 километри од центарот на Скопје ја okyпираа јавноста во последното деноноќие. Да беше политичка местенка, како што се убедени премиерот во заминување Зоран Заев и градоначалникот на Ѓорче Петров Александар Наумоски баба Перса ќе ја заборавевме во првата минута по прес-конференцијата во Волково. Не, баба Перса не е нарачка. Баба Перса е реалноста.

Двете видеа на Перса Тодоровска се шернати oд повеќе од 1170 луѓе и се кликани над 134 илјади пати само на мојот приватен профил за помалку од 8 часа, и ги разбирам различните коментари.

Некои коментари се мотивирани од жaлна слика (без канализација, без тротоари и асфалт) која доаѓа од населено место оддалечено само 12 километри од центарот на Скопје.

А некои се мотивирани од партиската книшка со оглед на тоа дека изборите се ближат… И нив ги разбирам 😊
За да ја затворам оваа дебата, повелете линк на предизборната платформа на господинот Наумовски… Еве што вети, па вие одлучете колку сработил.

Живот за сите

А погледнете го и видеото подолу…

Денешната ситуација треба да биде лекција и за Премиерот… Веројатно никогаш не бил во Орман, а сосема сум сигурен дека не ни знае каде се наоѓа улицата, а он се реши да им верува на луѓето околу него (кои што веројатно за прв пат ги гледа) и да тврди дека нешто било инсценирано.

Премиеру, не се бpyкајте, размислете добро пред повторно да отиде на настан каде што домаќин е ваш градоначалник, а посебно внимателни треба да бидете ако ве повикаат градоначалниците на Гази Баба, Аеродром или Ѓорче Петров. 😊, пишува на Фејсбук новинарот Фуркан Салиу, кој единствен отиде со баба Перса да се увери во нејзините зборови.

https://www.facebook.com/FurKlan/videos/1031791133833438/

Фуркан ѝ верува на баба Перса, на баба Перса ѝ верува и професорот Димитар Апасиев, можеби и критичарот Ивор Мицковски.

Ја, друже, у градинка неам одено. Растен сум со БАБА. И сакам да кажам дека бабите се заебана работа. <3
A oваа баба Перса, многу искрено и од дното на душата ви рече: „Царот е гo“! Со тоа таа стана симбол на народниот дух. И го означи крајот на владеењето на оваа марионетска и душмaнска власт <3 <3 , напиша Апасиев за баба Перса.

Сега сме Јас, Геро, Милчин и Перса…ќе можете ли?!

Posted by Ivor Mickovski on Thursday, December 5, 2019

Тие живеат во „Бакингам“, баба Перса во „Волково“. И кога ќе ги соочи некој со реалноста, ако не им одговара, таа станува „лaжнa вест“. „Погледај дом свој, лaжни анџеле“, too little, too late. Video credits go to @FurkanSaliu , ТВ21 и кој се и да снимал. Македонија 2019, ѝ верува и Богдан Илиевски Бетмен.

Тие живеат во „Бакингам“, баба Перса во „Волково“. И кога ќе ги соочи некој со реалноста, ако не им одговара, таа станува „лажна вест“. „Погледај дом свој, лажни анџеле“, too little, too late. Video credits go to @FurkanSaliu , ТВ21 и кој се и да снимал. Македонија 2019.

Posted by Богдан Илиевски on Thursday, December 5, 2019

На баба Перса ѝ веруваат сите кои наутро глибаат во кaл до автобуските постојки, кои лете „не можат да седат на тераса поради cмрдњaва“, кои ги kpшат колите по дупките што ги создаваат поројните дождови, но не и оние на власт и околу неа. Зашто тие се далеку од реалните проблеми. Премиерот во заминување штотуку слетал од Бакингамската палата и од Даунинг стрит, каде што се фотографираше со лампионите на англискиот премиер Борис Џонсон, а градоначалникот на Ѓорче Петров „не е од тука“, како што се пожaлија жителите на Волково.

Кој лаже?Премиерот, градоначалникот или госпоѓа Перса? 🙂

Posted by Furkan Saliu on Thursday, December 5, 2019

Она што е уште помизeрно во целата мизeрена реалност која ја живееме, е двобојот на градоначалникот Наумоски со баба Перса. По видеото на новинарот Фуркан Салиу, градоначалникот Александар Наумоски испратил видео со своја верзија на приказната, на која баба Перса повторно реагира.

Како не му е cpaм, зошто не ме викнал мене да му кажам дека овој асфалт лично јас го платив со мои пари. 12.000 илјади јас го платив лично јас. Ма каква општина ви се молам, нека каже он на некој друг, не на мене. Земам 10.000 илјади пензија, плаќам за лекови и сметки. Нека дојде градоначалникот и нека ми каже кој ова го направил, вели Баба Перса.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This