(Видео) За сличностите на двата јазика: Професор по историја ги paзби бугарските лaги

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Професорот по историја Александар Атанасовски на својот Фејсбук профил ги разби лагите на Бугарија за јазикот споделувајќи споредба на македонски, руски и бугарски зборови.

Од споредбата може да се забележи дека поголемиот дел од бугарските зборови се слични и речиси исти со зборови од рускиот, но не и македонскиот јазик.

-Примери за сличностите на македонскиот и бугарскиот јазик. Нетреба да сте експерт за да уочите дека нема ништо слично. Ова се само некои примери, има уште илјадници: на пр. шише-бутилка; тегла-буркан; вреќа-чувал; недостасува-липсва (во македонскиот јазик зборот липса значи умрел. и да ненабројувам има безброј примери.

Зоран Заев пред неколку месеци во интервју за БГНЕС ги продаде и своите струмичани кои според него зборат на ист јазик како луѓето од Петрич, Бугарски. Според него Југославија и Комунистичката партија на Југославија чиј наследник е СДСМ е највиновна за лошите односи помеѓу Македонија и Бугарија.

-Ние знаеме за овие луѓе од нашето минато, но не сакам да зборувам многу за тоа, бидејќи не го познавам добро овој дел од историјата. Јас сум личност која гледа кон иднината и сакам да ги видам сите овие позитивни моменти. Кога ни беше тешко, ни беше тешко заедно, кога бевме добри, заедно бевме добри. И да ги најдеме работите што не поврзуваат. Затоа што е должност на сите граѓани, а најмногу на сите нас политичарите, да ги зближат нашите народи, бидејќи многу години ги држеа далеку едни од други. Различни власти, главно за време на поранешна Југославија, пред поранешна Југославија … Но, ние мора да бидеме заедно затоа што сме први соседи. И, треба да ја градиме оваа соработка во средина каде што луѓето се пријатели, се ракуваат. Знаете дека сум од Струмица. Луѓето од Петрич и Струмица зборуваат на ист јазик – ние сме толку блиски. Дали е македонски или бугарски? Каков е, вели Заев.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This