(Видео) Заев: Болницата во Тетово беше бeз дозвола за градба, и што сега, да се посипеме со бензин и ние да се caмозапалиме?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На новинарските прашања за начинот на изградба на модуларната болница во Тетово премиерот Зоран Заев одговори дека таквиот вид болници не се поставувале со дозвола, туку со решение за примопредавање.

„Сите знаеме дека државата не градеше со одобрение за градба на статики, како што се градат сите болници. Ова беа модуларни контејнери и за нив има примопредавање, а не употребна дозвола“, одговори Заев, и притоа додаде дека со слична постапка се поставуваат и маси пред кафулиња.

По ова тој иронично додаде: „И што треба сега, сите да се посипеме со бензин и да се самозапалиме“?

Изјавата можете да ја слушнете и погледнете на следниов ЛИНК.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This