April 25, 2024, 12:16 am

(Видео) Заев: Евpoпcкитe лидepи дoбpo ja paзбиpaaт нaшaтa пopaкa – Македонскиот идeнтитeт нe e зa пpeгoвopи и никoгaш нeмa дa бидe зa пpeгoвopи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Оваа недела сме во интензивна европска работна агенда на релација Скопје – Брисел – Мадрид – Атина. Денес Ви се обраќам од Мисијата на Македонија, тука од срцето на Европската Унија, од Брисел.

Имавме интензивни средби со највисоките претставници на европските институции – и осигуравме дека и во Европската Комисија и во Европскиот Парламент и во било која друга европска институција, клучните претставници знаат и разбираат дека нашиот македонски идентитет не е за преговори и никогаш нема да биде за преговори.

Фон дер Лајен, Вархеји, Сасоли, Борел, Тимерманс, Лајчак, Вебер, Ќучук, Чолош – сите европски лидери и претставници ја знаат и ја разбираат нашата позиција – додека некој се обидува, а гледаме дека се обидува, македонскиот јазик и македонскиот идентитет да го стави на европската маса за преговори, ние нема да преговараме.

Порачавме јасно и гласно и повторивме – тргнете ја секоја дискусија за македонскиот јазик и македонскиот идентитет од масата за разговори во Брисел – после тоа можеме да продолжиме да разговараме за нашата европска иднина.

Ние имаме и гордост и сопствен идентитет. Гордоста можеме да ја засилуваме или смируваме, но идентитетот и јазикот македонски ни е неприкосновен, еден и единствен, непроменлив. Со македонскиот идентитет не смее и нема да си игра нити мојата Влада, ниту било која друга Влада, а уште помалку друга држава или Унија во која не сме членка.

Заедно сме со нашите европски пријатели. Дишеме, живееме и растеме заедно со европските идеи и вредности. И знаеме дека мораме да се движиме заедно и напред, само така е европски. Ние сме за мобилност, а не за ѕидови!

На овој заеднички пат, секој треба да си ги заврши своите обврски – Македонија многу сработи, испорачавме реформи, испорачавме и правда – време е и ЕУ да го испорача ветеното кон нас.

Почитувани граѓани, народе мој, Европската агенда продолжува, од Брисел кај нашите пријатели во Мадрид Шпанија, а после тоа и на економскиот форум Делфи во Атина, Грција. Европскиот пат е пат на соработка и меѓусебно разбирање”.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This