(Видео) КИНЕСКО ЧУДО: Ова е најбрзиот воз во светот, побрз и од kyршум

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Патувањето со авион, на истата релација,вклучувајќи и чекање на аеродром кое трае околу четири часа, а со овој супербрз воз истото патување би траело еден час помалку. Најголемата препрека и понатаму се екстремно високите трошоци за инфраструктура.

Кинезите го промовирале најбрзиот воз на светот. Тоа е “Шангај маглев“ кој треба да развива брзина до 600 км/ч. Првите патници ќе се возат за две години. Моментално овој проект се тестира помеѓу шангајскиот аеродром и градот, а брзината која ја достигнува е околу 430 км/ч.

Иднината на железничкиот сообраќај е воз со технологија на магнетна левитација кој носи ознака “маглев“, сметаат Кинезите. Тој не се движи по шини туку лебди на магнетно поле над пругата по која се движи.

Поради тоа возот има помал отпор и благодарение на силните електрични мотори може да развие неверојатна брзина. Возот моментално постигнува максимална брзина од 431 км/ч., а оддалеченоста од 30 километри ја поминува за седум минути.

Меѓутоа, овој проект е многу скап, чини околу 1.2 милијарди долари. Но, Кинезите не се откажуваат. Првпат патниците ќе се возат со овој воз во 2021-та година.

Уште не е познато по која релација ќе се одвива сообраќајот на хипербрзиот воз. Секако дека Кинезите најмногу ја сакаат линијата Шангај – Пекинг, која со овој воз ќе се одвива многу побрзо отколку со авион.

Патувањето со авион, на истата релација,вклучувајќи и чекање на аеродром кое трае околу четири часа, а со овој супербрз воз истото патување би траело еден час помалку. Најголемата препрека и понатаму се екстремно високите трошоци за инфраструктура.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This