(Видео) МИСЛИ ЛИ БОКИ ДА ГИ ОДНЕСЕ ПАРИТЕ НА ЗАЕВ: Објавени нови бomби, ново политичко caлто мopтале на Бихаќка

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Уште седум исечоци од разговори кои траат не повеќе од 12-13 секунди од пред неколку часа се поставени на видео-сервисот „Јутјуб“ на кои може да се слушне гласот на бизнисменот Орце Камчев, инаку пријавител на рекетот кој го трпел од шефицата на СЈО и нејзините пријатели. Власта повторно се обидува преку лепени, сечени и монтирани снимки да ја изманипулира македонската јавност која треба да поберува во „невиноста“ на Зоран Заев и неговите најблиски соработници во случајот „Рекет“

Очајот на ПР „експертите на Бихаќка е голем бидејќи рејтингот на партијата според сите анкети е во вртоглав пад непосредно пред предвремените парламентарни избори. ПР-џиите на СДСМ во општа паника впрочем го докажаа она што Инфомакс од првиот ден го тврдеше, а тоа е дека Заев не може да не знаел за „Рекетот“ и дека длабоко е вмешан во криминални дејанија. Нашите информации велат дека разговорот кој се објавува на Јутуб е снимен во Бугарија од страна на еден од најблиските соработници на Зоран и Вице Заев, наводниот сопственик на СВ Инвест фирма која врши ископ на јаглен во РЕК Битола, а зад која цела држава говори дека стои братот на премиерот.

Во претходните објавени разговори со „пратениците“ на Заев во Бугарија, Камчев им порачува дека тоа што тој го поседува за премиерот ако го објави ќе го сруши СДСМ од власт и не само што ќе ги сруши од власта туку ќе ги испрати Заев во затвор.

-Никој не знаеме кој што има од тоа време така? Реално не знаеме. Јас што имам ако сакам да ги рушам Заеви, значи јас. Заеви досега ќе беа во затвор. Тоа нема да се деси, што треба јас да претендирам премиер да станам јас за да добијам тоа? Не ме интересира. Мир, мир, мир ајде у пичку матер. Не ме интересира, не барам ништо, не барајте ништо, вели Камчев.

 

Но ова што денеска го зготвина кујната на Бихаќка и беше објавено на Јутуб е рамно на политичко салтомортале. Имено еден од „пратениците“ на Заев го прашува Камчев мисли ли Бојан Јовановски да ги однесе парите кај премиерот? На што што Камчев одговара дека за тоа не смее да говори и дека тоа е дел од истрагата. Но Камчев потврди дека во торбата сепак имало уред за следење. За парите Камчев вели дека не знае дали му ги дал на Заев, но куферот вели тој не е кај него.

Соговорник: Добро Боки мисли да ги однесе парите таму бе?

Камчев: Тоа не смеам да го зборам тоа е дел од истрага. Има ГПС све има. У рачка. У металното.

Соговорник: Алал да ти е.

Камчев: Јебига.

Соговорник: Му ги дал на него?

Камчев: Не знам. Куферот не е кај Заев.

 

Но она што е најсимптоматично е што по завршувањето на првото рочиште за случајот „Рекет“ Камчев одговори дали му ставил прислушен, однодно GPS уред во ташната Луј Витон која му ја дал.

-Луѓе, Боки 13 сакаше да прави шоу, ама не му успеа. Му ги изјаловив плановите. Не му ставив уреди за следење, туку само пари во апоени од 50 евра и луксузни модни списанија, изјави Камчев.

Тоа значи дека Камчев ја излажа македонската јавност дали имало ГПС уред во торбата која тој му ја дал на Боки 13. Која е причината и дали некого штити останува да видиме?

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This