(Видео) НЕМАЛ СРЕДСТВА САМИОТ ДА СЕ ДОШКОЛУВА: Примен на Универзитет во Холандија, државата не му одобри стипендија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Откако добил можност да магистрира на Универзитетот Утрехт во Холандија, дипломираниот правник, Петар Барлаковски побарал поддршка од Министерството за образование бидејќи школувањето и престојот во Холандија не може да си ги дозволи.

 

Тој ги исполнувал условите од конкурсот, на кој кандидатите за државна стипендија е потребно да имаат завршено прв циклус студии, нивниот просек да е над 8,50 и да се примени на универзитет рангиран меѓу првите 10 во светот според Шангајската листа.

Но тој е oдбиeн, бидејќи имал 180, а со едногодишните мастер студии од Утрехт ќе имал вкупно 240 кредити.

„Според нашиот систем, магистер е лице со образование кое oбeзбeдyвa 300 кредити и нема да може да се спроведе постапка за нострификација на дипломата“, велат од МОН, пренесува „Сител“.

Барлаковски запишал магистерски студии и на правниот факултет во Скопје, но комисијата тоа не го зела во предвид, поради што ќе се жали на одлуката од Министерството за образование.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This