(Видео) Николов: Heмa дa вoдимe пoлитикa нa кoнфpoнтaциja кон Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пред четири години се потпиша договорот за добрососедство меѓу Скопје и Софија, а сега кандидатот за премиер на Бугарија Пламен Николов од партијата „Има таков народ“ најавува и ревизија.

„Како точно ќе се направи ова? Можеби со ревизија на овој договор. Но тоа е момент кога Комитетот за надворешна политика на ИТН треба да се собере и да донесе одлука. Ако еден ден имаме можност да управуваме и ова кабинетот влезе во своите функции, ќе видиме што треба да се случи по оваа надворешнополитичка линија“, вели Пламен Николов.

Додава дека неговиот кабинет нема да ја следи досегашната конфронтација.

„Нема да им пречиме на нашите браќа на кој било начин и да им ја одземе можноста за европска иднина на насилен начин или на начин што го практикуваат другите балкански земји. Ова не значи дека нема да го браниме нашиот национален интерес“, додава Пламен Николов.

Шефот на македонската дипломатија Бујар Османи се надева на интензивирање на разговорите по формирањето на новата влада во Софија по 15 август со цел да се направи евентуален пробив уште во септември.

„Германското и португалското претседателство покажа дека решение има, тие предлози презеде словенечкото претседателство и се надеваме што се формира Влада по 15-ти август ќе можеме интензивно да се ангажираме за евентуален пробив уште во септември. Ние сме конструктивни, подготвени да влеземе во сериозен дипломатси ангажман за да ги надминеме разликите во рамки на позициите кои што ги има државата, а се разбира кои вчера се потврдија во Собрание уште еднаш“, посочи Бујар Османи.

Министерот Османи додава дека блокадата не одговара на ниту една од двете земји, а мандаторот пак е прв од Бугарија кој излегува со ваква оптимистичка изјава по донесената резолуција во бугарскиот парламент во 2019 година.

Николов е доктор по филозофија на право, политика и економија. На интернет страницата на „Има таков народ“ е претставен како човек со повеќе од 15 години искуство во бизнис и управување со проекти. Анкетите за јавното мислење покажуваат дека тој е поддржан од над 85% од бугарските граѓани.

Бугарскиот Европратеник Ангел Џамбаски со остар коментар за „црвените линии“ на Македонија. Во писмото до свите колеги и германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас пишува:

„Доколку се почитуваат овие „црвени линии“, Заедничката комисија Бугарија-Македонија, формирана со Договорот за добрососедски односи во 2017 година, едноставно не може да функционира. Нејзината првобитна цел беше да реши нерешени прашања поврзани со историјата, културата, идентитетот и јазикот“, вели Ангел Џамбаски.

Тој нагласи дека ставот на Бугарија по историското прашање не може и нема да се промени, без разлика како што вели тој колку „црвени линии“ ќе усвои Собранието во Македонија.

Извор: mk.tv21.tv

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This