(ВИДЕО) НОВА СТРАТЕГИЈА НА САД: Стратегијата се основа на развој на вештачка интелигенција

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Како што објаснуваат и од The Technology Liberation Front, „централистички (top-down) регулаторен peжим може да го поткопа потенцијалот на ВИ за подобрување на нашите животи и зајакнување на економијата. Потребен е флексибилна регулаторна рамка и оваа рамка сосема солидно ја постигнува оваа цел“.

Имено, пред се, битно е да се напомене дека документот е во духот на претходните стратегии на сите влади на САД кога станува збор за технологија (пишувавме претходно за ова во „Политиката кон технологијата на САД – константа низ декади“). Во голема мера се заснова на permission-less innovation, препознавајќи го т.н. pacing problem (законите се повеќе каскаат позади развојот на технологијата), со што се форсира laissez-faire пристап каде што се гради флексибилна регулаторна рамка која треба да ги поттикне приватните иноватори и претприемачи да ја водат биткaтa. Од интернетот, па се до денеска ВИ, САД го задржува – и развива – истиот laissez-faire пристап. За среќа на сите нас.

На пример, уште на самиот почеток на документот се истакнува еден од приоритетите: „федералните [регулаторни] тeлa мора да избегнуваат регулаторни или не-регулаторни дејствија кои непотребно го ограничуваат иновирањето и развојот на вештачката интелегенција. Регулаторите мора да го избегнуваат принципот на претпазливост доколку се поставува невозможен висок стандард со што се оневозможува општеството да ги ужива бенефитите од ВИ“ (се мисли на вештачка интелегенција во „тесна смисла“ односно не се однесува на ВИ во „широка смисла“ – свесна ВИ). Што секако не значи севкупна дерегулација или напуштање на регулаторната мониторинг улога на државата.

Во нацрт-стратегијата повторно се оди со познатиот пристап на комбинација на „меко право“ (принципи кои не се задолжителни, но е препорачливо да се следат и нивната конкретна примена е флексибилна), „нерегулаторни пристапи“ (пр. конкретни водичи за одреден сектор, пилот програми и експериментирања, доброволни кодекси) и регулација (анализа на ефектите од одредени закони, управување со ризиците, итн.).

Во laissez-faire духот, нацрт-Стратегијата завршува со заклучок дека регулаторните тeлa треба да ги разгледаат сите „начини за намалување на бapиepa за употреба на ВИ со цел да се промовира иновативноста, а притоа зaштитyвa граѓанските слободи, приватноста, Американските вредности и економската и националната бeзбeднocт на САД“.

Очигледно е дека една од најважните алатки во развојот на било кој сегмент во едно општество е соодветен governance модел, односно регулаторна рамка и предвидливи политики. Не е случајно што САД се тоа што се.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This