(Видео) Објавена британска репортажа од 1989 години за туризмот во Југославија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На Јутјуб кон почетокот на овој месец беше објавена британска репортажа од 1989/1990 година за летувањето во Југославија, поточно на подрачјето Кварнер и северниот брег на Хрватска, која детално известува за природните убавини, туристичките понуди, цените, плажите, но и високите стапки на инфлација во тоа време.

Репортажата започнува во Опатија и продолжува да зборува за бројните мали одморалишта кои можете да ги посетите со автомобил или брод, за кои нараторот вели дека имаат различни имиња, но по изглед се многу слични – прилично стари места основани како рибарски гратчиња.

Наратор и презентер е британскиот новинар Џон Картер кој исто така се појавува на снимките и говори за сопствените впечатоци од местата кои ги посетил.

Картер истакнал дека на бреговите нема песок, но судејќи по посетеноста, тоа не им смета на туристите. Зборувал и за архитектурата, австроунгарското наследство во Опатија и мешавината на старото и новото.

Кога станува збор за вредноста на она што го добивате за потрошените пари, вели дека тој однос е одличен за странците благодарение на високата стапка на инфлација и економските проблеми со кои земјата се бори. Открил дека воглавно се плаќа во германски марки, но и дека примаат британски фунти.

Нараторот го опишал секојдневниот социјален живот и што сè можете да очекувате од локалните кафулиња и ресторани.

Видеото го прикажува и новоизградениот мост кој го поврзува островот Крк со копно, кој во тоа време бил најголем на Јадранот. Картер зборува и за приватното сместување и истакнува дека за него нема да пронајдете никакви брошури во кои можете однапред да видите што се нуди туку за тоа „се одлучува на местото на настанот“.

„Претходно ги истакнав добрите услови на „размена“ во смисла што сè добивате за одредена сума на пари, но вредноста на одморот може да се мери и на друг начин, не само во пари. Се мери по количината на уживање и задоволство, а верувајте ми дека со секој ден поминат тука добивате огромно задоволство“, порачал нараторот за крај.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This