April 20, 2024, 11:51 am

(Видео) Ова е Влacтимир Алeкcoвски, најновиот кандидат за лидер на СДCM

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

До Централната изборна комисија вчера пристигна и третата кандидатура за претседател на СДСМ за вонредните внатрепартиски избори кои ќе се одржат на 12 декември.

Станува збор за Властимир Алексовски, член и активист на СДСМ од општинската организација на партијата од Куманово.

Како што соопшти СДСМ, по анализирање на поднесената документација и утврдување дали апликацијата на Алексовски е согласно правилникот и дали ги исполнува пропишаните услови, Централната изборна комисија ќе соопшти дали ја верификувала апликацијата.

„Сител“ телевизија разговараше со Алексовски за неговата кандидатура.

Се одлучив на овој чекор бидејќи состојбите во партијата не се добри. Со самото кандидирање на Максим Димитриевски се виде дека некои работи не одат како што треба. Направив програма за период 2021-2025 со слоган „Искрено, посветено во служна на граѓаните и нашата татковина Република Македонија.“ По вокација сум магистер, професор во физичко образование. Со партиска книшка сум од времето на Бранко Црвенковски. Со сите раководни структури се познавам, вели Алексовски во изјавата за „Сител“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This