(Видео) ПРВИОТ ПАЦИЕНТ КОЈ ПРЕЖИВЕАЛ КОРОНАВИРУС: Најбрзо закрепнав бидејќи сум млад, имам само 23 години

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Првиот пациент кој се опорави од новиот коронавирус, 23-годишниот Хуанг, откри како изгледа неговиот третман и какви симптоми на болеста го натераa да замине во карантин.

 

 

„Имав температура неколку пати, од 28 декември до 2 јануари. Потоа заминав во карантин“, започна Хуанг.

Еден млад човек од Вухан, кој е вработен во локалната железничка станица Ханку, на околу километар оддалечен од рибниот пазар, се смета дека е извор на инфекции опасни по живот.

Првите симптоми тој ги имал на 24 декември. Сепак, следниот ден ситуацијата се влошила. Тој зел боледување и отишол во локална болница, а лекарите му препишале инјекции пеницилин Г.

Потоа тој решил да се врати на работа, но веќе во автобусот на патот кон железничката станица, повторно качил  температура.

На 1 јануари тој отишол повторно во болницата „Унион Сити“, бидејќи се сомневал дека има пневмонија.

Дополнителните тестови покажале резултати далеку над очекуваните параметри, особено кога станува збор за функцијата на црниот дроб. Кога докторите биле известени дека неговото работно место е во близина на пазарот за морска храна, тие решиле да го пренесат во болницата Jининтитан, каде што се лекуваат повеќето пациенти со коронавирус.

Во тој момент, според неговите зборови, тој бил толку болен што не можел да се движи и  дишел кислород цело време. Следните денови ги поминал во карантин.

„Јас бев првиот што се опоравив од критична состојба и ја напуштив болницата. Најбрзо закрепнав бидејќи бев млад. Имам само 23 години“, рече тој.
Не е познато колку лица се заразени од новиот вирус. Најновите официјални бројки говорат дека бројот на починатите достигна 26, а повеќе од 800 луѓе се заразени.

Повеќето од пациентите потекнувале од Вухан, а другите биле од претходен период.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This