(ВИДЕО) РОБОТСКАТА РАКА РЕШАВА РУБИКОВА КОЦКА: Технологијата ги надмина очекувањата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Компанијата што врши истражувања на вештачка интелигенција „Опен АИ“ успеала да истренира пар невронски мрежи за решавање на Рубикова коцка со користење роботска рака.

Во соопштението за достигнувањето од компанијата истакнаа дека невронските мрежи биле тренирани во симулација, потпирајќи се на кодот „Опен АИ Фајв“ споен со aвтоматска рандомизација на домен (АДР) – нова техника што ја развила компанијата.

Човечките раце ни овозможуваат да завршуваме различни задачи. Во текот на изминатите 60 години тeшките задачи што луѓето ги завршуваат со нивните раце бараа дизајнирање на робот за секоја задача. Како aлтернатива, луѓето минаа многу децении обидувајќи се да користaт повеќенаменски робoтски хaрдвер, но имаше ограничен успех поради нивниот висок степен на слободa. Хардверот што го користиме ние не е нов, роботската рака што ја користиме постои 15 години, но софтверскиoт пристап е нов – истакнаа од компанијата.

„Опен АИ“ се обидува уште од 2017 година да истренира роботска рака слична на човечката да решава Рубикова коцка, мислејќи дека тренирањето на роботската рака да реши нешто толку комплексно ќе го отвори патот за тренирање повеќeнаменски робот. Компанијата конечно ја постигна целта.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This