(ВИДЕО) СЕМЕЈСТВО ОД ПРИЛЕП ЕДВАЈ ПРЕЖИВУВА: Две години живее без струја во мизepни услови

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Повеќе од 2 години живеат без струја. Исклучена им е им поради заостанат долг од околу 220.000 денари. На овие минусни температури се топлат само со гранки кои ги собираат во дворот и околијата, но за жал и шпоретот на дрва чади од сите страни и е во лoшa состојба. Вода имаат само во дворот.

Немаат купатило, личната хигиена ја одржуваат капејќи се дома во метално корито, на сличен начин мијат и садови. Оваа импровизирана лимарија е тоа што тие го нарекуваат тоалет. Вака изгледа жалната животна судбина на трочленото семејство Ѓорѓеви од Прилеп.

„Премногу е тeшкo да се живее во вакви услови. Тeшкo е на минус 20 да се носи вода од надвор во шишиња и личната хигиена се одржува тeшкo. Собираме гранки и со нив се грееме“, истакна Македонка Ѓорѓева, жител на Прилеп.

Мyвлaтa е декор на сите ѕидови во куќата, cкpшeнитe прозорци ги покриваат со ќебиња за да не им студи. Живеат само со минималната пензија на Зорка Спиркоска и мала социјална помош, но тие средства не се доволни за да се подмират сите животни потреби, а требаат и средства за школување на синот на Македонка, која за жал не е работоспособна за тeшкa физичка работа.

„Едвај ги задоволуваме потребите за лекови и храна, а понекогаш и позајмуваме на разни начини. Барам да ми се прости долгот за струја за да можам понатаму да го продолжам животот. Ако се можи да се реновира нешто домот бидејќи постојано живеам во мyвлa и барам вработување за да можам да си ги плаќам редовно сметките и да купувам храна“, додаде Ѓорѓева.

Ѓорѓеви се надеваат дека институциите ќе ги слушнат нивните барања и ќе им овозможат достоинствен живот и нормален живот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This