(Видео) СПАСОВСКИ: Техничката владата и институциите функционираат нормално

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиерот на техничката влада, Оливер Спасовски, во интервју за државната новинска агенција МИА, вели дека формирањето на оваа техничка влада, како и техничката Влада во 2016 година, е со цел граѓаните да донесат вистинска одлука на изборите.

Подвлече дека како демократизација на општеството, како држава којашто слободно функционира, формирањето и на оваа техничка Влада е вредна како концепт.

– Сите заедно треба да допринесеме во два правци: да продолжат сите стратешки приоритети на државата, да се обезбеди непречено нашето членство во НАТО Алијансата, да направиме сѐ да ги започнеме преговорите со ЕУ, да обезбедиме функционални институции, граѓаните да продолжат да ги добиваат сите услуги навремено, да продолжат сите проекти што ги започнавме и да имаме фер и демократски избори. Тоа се врвните приоритети на оваа Влада“, рече премиерот Спасовски.
Во однос на некои изразени стравувања од паралелизам во институциите премиерот Спасовски одговори:

– Оваа Влада функционира нормално, сите институции функционираат нормално. Затоа порачав до политичките субјекти, едно е да сакате да собирате политички поени, но тоа да не се прави на сметка на граѓаните и на државата, на остварувањето на нашите национални интереси. Борбата треба да е со концепти. Оваа Влада не е формирана некој да има повеќе или помалку политички легитимитет и кредибилитет, туку сите заедно да се вградиме во институциите и да гарантираме дека низ една фер и демократска атмосфера, на граѓаните ќе им дадеме можност да одлучуваат по кој пат ќе се движи државата во следниот период и тоа е основна обврска на сите нас, изјави Спасовски во интервју за МИА.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This