(Видео) Мила Царовска била вечен студент, 10 години нe може да магистрира

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Велика Стојкова Серафимовска, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, во најновата епизода на Неделен брифинг со Сотир Костов на Инфомакс, зборуваше за реформите во образованието кои министерката Мила Царовска се обидува насила да ги спроведе и покрај големиот отпор и револт и на учениците и на нивните родители. Стојкова Серафимовска истакна дека министер за образование не смее да биде некој кој за десет години не успеал да го заокружи започнатото образование, во случајот на министерката Царовска, магистерските студии.

„Човек којшто десет години не успеа да го заокружи започнатото образование, тоа е магистратура, не може да биде министер за образование и наука. Кога Мила Царовска беше министер за труд и социјална работа никој не го спомна овој момент бидејќи тоа е ресор труд и социјала. Но кога вие доаѓате во ресор образование и наука, вие треба да бидете пример. Како министер треба да бидете пример. Ако вие не сте успеале во рок од десетгодини да го зокружите образованието, не велам дека секој го заокружува и дека мора да се заокружи, има субјеективни и објективни причиини кога луѓе не можат да постигнат да го завршат. Но, да не се заврши и притоа да се претендира и да се стане министер за образование и наука, кој што треба да биде пример, и притоа да прави вакви радикални реформи во образованието, тоа навистина не е соодветно.“, посочи Стојкова Серафимовска.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This