(Видео) Трамп со проштален говор: Особено сум горд што сум првиот претседател во последните неколку децении, кој не започна ниту една вojна

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американскиот претседател Доналд Трамп одржа проштален говор во кој и се обрати на јавноста и рече дека е „особено горд што е првиот претседател во последните неколку децении кој не започнал никаква војна“.

„Водев најтешки битки и донесував најтешки одлуки. Затоа ме одбравте мене“, рече Трамп.

„Како резултат на нашата смела дипломатија и принципиелен реализам, постигнавме низа историски мировни договори на Блискиот исток. Тоа е зора на новиот Блиски исток и ги вративме своите војници дома. Особено сум горд што сум првиот претседател во последните неколку децении, кој не започна ниту една војна.

Тој уште еднаш ги осуди немирите што се случија во Вашингтон на 6 јануари, кога неговите приврзаници упаднаа во зградата на Конгресот.

„Сите Американци беа згрозени од нападот врз Капитол. Политичкото насилство е напад на сè што ние како Американци негуваме. Никогаш не може да се толерира. Сега, кога се подготвувам да и ги предадам овластувањата на новата администрација, сакам да кажам дека движењето што го започнавме е само почеток“, рече Трамп .

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This