(Видео) ЌЕ ЗВУЧИ ПРЕКРАСНО: „Љубојна“ во возобновување на уште една божиќна песна

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Традиционално, и оваа година, како што наближува Божиќ, се интензивираат активностите на Здружението „Бадникови поворки“, чија што цел е, да го подготви нашиот народ за достоинствено празнување на Христовото Раѓање – Божиќ.

Една од најважните активности на Здружението, која се практикува веќе 4-та година по ред, е возобновување на православните божиќни песни кои што некогаш се пееле на ова наше поднебје, а денес се згаснати и останале само во сеќавањето на повозрасните граѓани.

„Христос се роди денес“ е насловот на овогодишната каланда односно божиќна песна која потекнува од некогашна Смирна. Станува збор за стара песна од нашата православна традиција, која нашите повозрасни граѓани ја пееле на ден Бадник во попладневните часови. Најпрво децата од рано наутро со песната „Вечниот Бог“ или „Дева денес“ оделе од куќа на куќа и го најавувале Христовото Раѓање, за попладне тоа да го направат возрасните, токму со оваа песна „Христос се роди денес“.

Од втората половина на 20-тиот век, традицијата на пеење на оваа песна, згаснува, за оваа година, на иницијатива на отец Партениј од Бигорскиот манастир, одново да се врати и да го радува нашиот православен народ.

Довербата да ја овековечат во студио, им припадна на група Љубојна и традицискиот оддел при ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“.

– За мене, оваа е втора година по ред, како сум дел од Бадниковите поворки, и втора година како заедно со целиот мој православен народ, свечено и достоинствено, низ цела манифестација на настани, се подготвуваме да го празнуваме „Христовото Раѓање – Божиќ. Особено сум почестена што токму јас како бренд на Љубојна и една поголема група прекрасни луѓе од традицискиот оддел при ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“, го добивме благословот на отец Партениј од манастирот Св.Јован Бигорски, со чија што љубов и посебно чувство на естетика, се сплотивме и ја возобновивме оваа четврта каланда или коледарска песна која ќе остане за навек, а носи наслов „Христос се роди денес“ – вели Вера Милошевска – „Љубојна“.

– Оваа песна е со византиски происход. Тоа може да се забележи од раскошниот и специфичен начин на изведба. Ние како наследници на богатата византиска традиција, треба да се гордееме што имаме вакво богатство во наследство, додава аранжерот Владимир Димовски.

– Лично посакувам, како што децата со голема радост и свечен тон ја пеат „Вечниот Бог“, така возрасните повторно да почнат да ја пеат „Христос се роди денес“ – изјавува Тимко Чичаковски, како еден од учесниците во проектот.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This