April 19, 2024, 12:58 am

(Видео)ВЛАДАТА ИМА РОК ОД 48 ЧАСА ДА СЕ ИЗBИHИ: Забрчанец и Сарачини ќе добијат тyжби, вeштaчeњe на материјалот па ќе видиме кој шири лaжни вести

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Доколку во рок од 48 часа не се извинат до редакцијата на „Инфомакс“, владиниот шеф за односи со јавност Марјан Забрчанец и советникот за ПР Петрит Сарачини ќе добијат тужби за клевета и навреда, онакви тужби кои не се бришат како коментарите на Фејсбук кои токму Забрчанец ги брише доколку не му одговараат


 

Двајца членови на владиниот пропаганден тим заработија тужби за навреда и клевета од новинари кои се обвинети дека монтирале видеа на кои се слуша како членови на СДСМ скандираат Северна, Северна на Мечкин Камен.

Истовремено, Владимир Христовски, поддржувач на СДСМ од Велес, чиј коментар набрзо беше избришан на постот на Забрчанец, му одговара дека не е лажна вест и дека скандирале Северна, како одговор на дијаспората која скандирала Никогаш Северна.

 

Советникот за медиуми на премиерот Заев, Марјан Забрчанец и советникот за медиуми во Владата Петрит Сарачини тужбите ги заработија откако вечерва без да го проверат материјалот објавен од инфомакс.мк обвинија дека е монтиран и го квалификуваа како лажна вест.

 

 

Александар Митевски уредник на Инфомакс.мк во изјава за порталот „Експрес“ и „Вечер“ вели дека медиумот е подготвен снимката на која се слуша како членовите на СДСМ скадираат Северна, да биде анализирана од референтна компанија за аудио технологија за да се види дали лаже владата или новинарите.

“Згрозени сме од обидот Владата со помош на лажни вести да дискредитира и да заплашува новинари и медиуми. За искажаните лаги веднаш поднесуваме тужба за клевета и навреда со побарување за оштета од 3 милиони денари. Иако голем дел од судството е под контрола на владата за која работат, Забрчанец и Сарачини можат да се спасат само ако јавно се извинат и ветат дека во иднина нема да користат лажни вести и ефтини пропагандни финти за да замолчат медиуми”, вели Митовски за expres.mk.

По обвинувањaта од Забрчанец и Сарачини дел од медиумите од страв од санкции ги повлекоа пренесените вести за скандирање Северна на Мечкин Камен.

Пред една недела токму владата за која работат Забрчанец и Сарачини објави план за борба против лажни вести.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This