March 28, 2024, 12:07 pm

(Видео)ЗАГИНА ЛЕГЕНДАТА НА МАКЕДОНСКАТА КОШАРКА: Во страотна сообраќајка во Скопје, загина Благоја Георгиевски – Буштур

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Легендата на Македонската кошарка Благоја Георгиевски – Буштир, некаде околу полноќ го загуби неговиот живот во страотна сообраќајна несреќа која се случи во близина на сервисот „Скендеровски“ во општина Кисела Вода


Неприлагодена брзина и влажен коловоз се првичните впечатоци од местото на сообраќајната незгода, но не се исклучува дека на Буштур некој му го пресекол патот па морал да маневрира со возилото, што пак довело истото да изгуби контрола.

Тој удрил во бетонската жардињера која се простира на средината на коловозот на булеварот Србија.

Благоја Георгиевски – Буштур (роден на 15 октомври 1950 во Скопје) — поранешен македонски кошаркар и југословенски репрезентативец.

Благоја својата кариера ја поминал во Работнички, клуб кој се натпреварувал во Првата југословенска кошаркарска лига. Со Работнички во сезоната 1975/76, Благоја стигнал до полуфиналето на Купот на победниците на куповите. Во тоа тоа полуфинале, за време на гостувањето кај Чинцано Олимпија Милано, Георгиевски заедно со соиграчот Драган Радосављевиќ добиле труење од храна, резултирајќи со висок пораз на Работнички поради отсуството на Георгиевски – Буштур и слабиот играчки учинок на заболениот Радосављевиќ.

На Европско првенство во 1971 година, кое се одржало во Западна Германија, како член на Југословенската кошаркарска репрезентација Георгиевски освоил сребрен медал. Георгиевски бил учесник на Летните олимписки игри во 1976 година кои се одржале во Монтреал како член на Југословенската кошаркарска репрезентација, каде освоил сребрен медал.

Георгиевски бил амбасадор на Специјалните Олимписки Игри.

Репортер:
Борислав Стоилковиќ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This