(Видео)ПОРАДИ ЗАЕВ, СЕЛА И ОСТАНАТИТЕ ПРАТЕНИЦИ, МАЈКА ОСТАНА HEПOДBИЖНА: На 27.април и се cлoшилo, ја однеле во Скопје но не ја oпepиpaле поради пратениците!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Телевизија 21 објави трогателна репортажа за трагедијата што и се случила на една млада струмичанка на 27 април 2017, истиот датум кога во Собранието на Република Македонија се случуваа огромни турбуленции.

Девет илјади евра ја делат 26-годишната Ирена Танчева од струмичко Самоилово од третиот третман во болницата Неуровита во Русија. Во февруари треба да патува за да ја прими новата доза матични клетки. Откако пред две години остана врзана за кревет, по сообраќајката во која за влакно остана жива, заедно со синовите кои ги носела во градинка, сега Ирена сета надеж ја полага во руската болница.

-Има многу подобрување од првиот пат. На почетокот не можев да стојам на нозе, а вториот пат стоев на нозе и немав вртоглавица. Можев да вежбам на машината. Првиот пат ми ставија една, а вториот пат две дози матични клетки. Сега треба да вежбам. Сега треба да одам во февруари, за таму 8 илјади евра и илјада евра патот, девет илјади евра ми се потребни. Нема да е последен пат, имам клетки за десет пати.– вели Ирена за ТВ 21.

Не очекувала дека тоа фатално утро на 27 април 2017 година, возејќи кон Ново село, каде што ги носела своите синови во градинка, патот ќе и го препречи друго возило и ќе заврши во 20-дневно без сознание. Дел, од трагедијата припишува и на случувањата во македонското собрание, кога поради случувањата, операционите сали биле затворени за редовните пациенти.

-Првин во Струмица, па во Скопје ме однеселе. И требало одма да ме оперираат, но бидејќи на 27 април беа тепачките во парламентот, салите ги затвориле. И не ме оперирале. Докторот рекол треба итно операција, но не ме оперирале. Моите мислеле дека сум во сала, ама после им кажале дека наредниот ден ќе ме оперираат. Докторот на контрола ми рече дека ако одма ме оперирале, за 6 месеци до година ќе бев на нозе – вели Ирена.

Иако две години во кревет, од нејзиното лице и глас се чита и слуша една надеж, дека повторно ќе застане на нозе и дека повторно ќе може да биде со своите синови. Во тоа, може да и помогнат и хуманите луѓе, кои може да донираат со вртење на телефонските броеви или пак со донација на жиро сметка.

Телеком: 070143115
ВИП/ОНЕ 143500
Девизна сметка: Ирена Танчева IBAN:MK07-320540027415089
SWIFT CODE: CECBMK22 CENTRAL COOPERATIVE BANK AD SKOPJE
Жиро сметка: 320500027414994 Ирена Танчева

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This