(Видео)СТРАЗБУР КАКО ВОЕНА ЗОНА: Двајца мpтви, 11 во кpитичнa состојба по тepopoистичкиот напад на Божикниот панаѓур

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во пукањето во центарот на Стразбур две лица го загубија животот, а десет се ранети, соопшти вечерва францускиот министер за внатрешни работи.

Тој додал дека напаѓачот од претходно и е познат на полицијата и има досие, пренесува Ројтерс.

Напаѓачот во моментов е се уште во бегство и по него се трага, а на сите жители им е наредено да не излегуваат од своите домови. Затворен е и Европскиот парламент.

Полицијата го евакуирана центарот на градот, а лицата кои се нашле во близина на местото каде се случил нападот се засолниле во блиските барови.

Пукањето било во близина на Божиќниот базар во градот, а се уште не е познато дали станува збор за терористички чин.

 

 

https://www.youtube.com/watch?v=5YZfWBjpHK8

 

 

 

 

 

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This