(Видео)ШТО СОКРИЈА МЕДИУМИТЕ: Никогаш северна, само Македонија се ореше на брегот на Вардар на овогодинешното празнување на Водици

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Православните верници денес го славеа празникот Богојавление-Водици.

По Богослужбата и беседата на Архиепископот Охридски и Македонски Г.Г. СТЕФАН и по осветување на водите на реката Вардар, околу 140 верници денес скокнаа во студените води по светиот крст.

Најсреќен беше Кристијан Ниневски кој по втор пат го фати светиот крст и посака сите да бидат живи и здрави и кажа дека минатата година му донела синче и среќа и радост на неговата фамилија.

Екипата на Инфомакс.мк денес беше на централната манифестација во Скопје каде што поразговара со дел од оние кои скокаа по светиот крст.
Од Црвениот Крст, истакнаа дека во соработка со полицијата се максимално подготвени да им помогнат на учесниците, а навивачката група комити ги бодреше скокачите со многу силна порака „НИКОГАШ СЕВЕРНА САМО МАКЕДОНИЈА“.

Погледнете ја атмосверата денес во Скопје.

Б.Стоилковиќ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This