ВНИМАВАЈТЕ ШТО КУПУВАТЕ: Пронајдена штетHа баkтерија во јајца – Издадена итна наредба за повлекување на јајцата од продавниците во Хрватска

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пред два дена поради присуство на салмонела, се повлекуваат од пазарот свежи јајца Лукач А класа, која ги произведува и пакува Лукач д.о.о Островичка 1, Загреб. Во лабораториски истражувања во голема количина на јајца, потврдено е присуство на бактеријата Салмонела сер. Ентеритидис, наведуваат во соопштението од Министерството за земјоделство во Хрватска.

Министерството за земјоделство во Хрватска, соопшти дека поради присуство на салмонела во јајца се повлекуваат од регионот голема количина на свежи јајца Лукач А класа.

Секаков вид на сурова, свежа, непреработена храна, од анимално потекло, како месо и месни производи, млеко и млечни производи, јајца и морска храна, некои видови на овошје и зеленчук може да содржат салмонела.

Резервоар се бројните животински видови – свињи, живина, говеда, глодари – стаорци. Луѓето би требало да избегнуваат конзумација на термички непреработено месо, јајца како и непастеризирани млечни производи.

Листата исто така вклучува и домашно приготвена храна која содржи свежи јајца, како мајонез, колачиња, разни шлагови и креми, сладолед итн.

Досега се идентификувани три вида на салмонела: S. typhi, S. choleraisuis и S. enteriditis, која има повеќе од 1400 антигенски различни серотипови.

Периодот на инкубација е 8 до 48 часа и нападот може да трае од 3 до 7 дена. Благите случаи најчесто се третираат со антидијаретични лекарства, додека за посериозните неопходни се антибиотици.

Внимателно чистење и подолго готвење на храната се едни од можните начини за превенција од инфекции со salmonella.

Засега не е потврдено дали овие јајца се присутни и на македонскиот пазар.

Извор: Скопје 24

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This