ВО ФРАНЦИЈА ПОТВРДЕНИ ТРОЈЦА ЗАРАЗЕНИ ОД НОВИОТ ВИРУС, ВО КИНА БРОЈКАТА НА ПОЧИНАТИ ПОРАСНА НА 41

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Смртоносниот нов вирус со кој се заразени стотици во Кина е откриен кај тројца болни во Франција, потврди француското министерство за здравство доцна попладне ввчера- петокот.

Два случаи се потврдени во Париз, а еден во Бордо. Пациентот во Бордо е 48-годишник кој се вратил од Кина во средата. Министерството вели дека тој е во изолација и дека е во добра состојба, откако во четвртокот бил примен во болница.
Другите два пациенти во Париз се блиски роднини, соопшти министерството без да дава дополнителни инфомации.

Во Кина, бројот на смртни случаи поврзани со вирусот корона порасна на 41, објавија утринава кинеските медиуми. Потврдени се 1.287 инфекции во 30 кинески провинции.

Новиот вирус е од истата фамилија вируси што го предизвика грипот САРС во 2002 и 2003 година, од кој беа заразени 8.000 луѓе, а глобално умреа 800. И таа пандемија започна од Кина.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This