ВО ЧАДОРОТ Е ВИСТИНАТА: Дали потпретседател на СДСМ го излажал судот под дадена заклетва?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во вчерашниот исказ на судењето за случувањата на 27-ми април Потпретседателот на владата Оливер Спасовски, под заклетва сведочел дека чадорот со кој биле удирани пратеници на СДСМ од напаѓачот не го откупил Дамјан Манчевски, туку Петре Шилегов. Фамозниот чадор пред неколку дена во своето сведочење прв го спомна Дамјан Манчевски кој и пред судот, а подоцна и пред медиумите соопшти дека на критичниот ден возрасен човек го удирал со чадор подолго време. Манчевски му понудил 300 денари да го откупи, првата понуда била одбиена, после што потпретседателот на СДСМ успеал за 1000 денари да го наговори возрасниот човек да му го продаде чадорот, пренесува Алфа.

Оваа приказна на ниво на анегдота неколку дена се вртеше во јавноста и дури Манчевски ја повтори на гостување во една дебатна емисија набргу после сведочењето пред судот. Истата стана повторно актуелна во судот вчера, кога на крајот на својот исказ Оливер Спасовски своеволно го спомна случајот со чадорот, но овојпат во друга верзија: чадорот го откупувал Шилегов при што старецот кој ги удирал побарал 500 денари за него, а Шилегов му дал 1000 денари и го одзел „оружјето“ со кое биле малтретирани.

Околностите во кои некој потпретседател на СДСМ го откупил чадорот со кој биле удирани пратениците воопшто не е крунски доказ во судењето за 27-ми април, но сепак фрла сенка врз сведочењето пред судот под заклетва кое го даде Дамјан Манчевски, бидејќи се чини дека Спасовски одлучи да го корегира својот колега потпретседател и да ја каже вистината. Секој сведок пред да започне да сведочи положува заклетва во својата чест дека ќе ја зборува само вистината и нема да сокрие ништо што видел или чул.

Од овие две сведочења на Манчевски и Спасовски, едно е сигурно: некој од нив излажа под дадена заклетва пред судот за една „баналност“ како што е чадорот со кој биле удирани пратениците. Што се случува со веродостојноста на другите соопштени факти за време на сведочењата врз основ на овие нови околности, ќе проценува судот.

Инаку, сведочењето на Спасовски кое од извори во одбраната беше оценето како коректно, се наведоа неспорни факти како тоа дека СДСМ одлучил по завршувањето на сесијата во 18 часот на 27-ми април да избере и избрал нов претседател на Собранието, после што се упатиле во прес-салата по повод изборот на Џафери, но и досега неслушнати податоци според кои Спасовски побарал од Талат Џафери да му се јави на тогашниот Министер за внатрешни работи Агим Нухиу за да интервенира откако толпата започнала да биде насилна во прес-салата, но таква реакција и покрај ветувањето на Нухиу, не се случила.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This